Wall Street Journal пишува дека компанијата Apple и американската мултинационална инвестициска банка Goldman Sachs заедно подготвуваат нова кредитна картичка, која ќе се појави годинава. Кредитната картичка ќе биде тесно врзана за iPhone, а со користење на Apple Wallet сопствениците на картичките ќе можат да си поставуваат цели за трошење, да ги следат наградите за купување некои производи и да управуваат со состојбата на својата сметка. Исто така, корисниците ќе добијат назад 2% од парите при поголема набавка, а можно е и бонусите да бидат поголеми во случај на купување на произоди и услуги на Apple.
Новата кредитна картичка први ќе ја тестираат вработените во Apple за неколку недели отсега, а картичката ќе ја користи мрежата на Mastercard. Ова партнерство е голем чекор за двете компании. Од Apple се надеваат дека новата картичка ќе им овозможи зголемување на заработката од апликации и мултимедијални спдржини. Компанијата ќе добива и дел од трансакциите кои ќе се вршат преку Apple Pay услугите, така што веќе знае колку може да заработи од новата кредитна картичка.
Ова за Goldman Sach ќе биде првата кредитна картичка затоа што компанијата е прилично нова кога е во прашање потрошувачкото банкарство. Пред три години тие ја стартуваа Marcus, онлајн потрошувачката услуга за банкарство.