Почнува пријавувањето за вселенскиот интернет на Илон Маск

- Advertisement -

По неодамнешното лансирање на нова група сателити Starlink вкупниот број сателити на SpaceX кои на луѓето на Земјата треба да им обезбедат интернет со огромна брзина е поголем од 500 и се ближи денот кога жителите најпрвин на САД, а потоа и од целиот свет ќе сурфаат на мрежа поврзана на вселенскиот интернет на Илон Маск.

Неделава компанијата почна да бара корисници кои се спремни за првите тестирања на интернето на Starlink, а на страницата на ЅpaceX сега може да се остави имејл адреса на која ќе стигнуваат информации за достапноста во одредени региони.

- Advertisement -

Уште летово се очекува да почне бета тестирањето на сервисот, после што следува јавно тестирање, а наредниот чекор ќе биде стартување на комерцијален сервис преку кој милиони луѓе ќе добијат можност за пристап до вселенскиот интернет. Како што најави Илон Маск, целта на SpaceX не е да се натпреварува со телеком компаниите, туку таргетира на локации на кои интернетот е нетсабилен, премногу скап или недостапен.

Според досегашните информации, цената на тој интернет треба да биде околу 80 долари месечно. За помала покриеност со сигнал се потребни околу 400 сателити, за умерена покриеност се потребни околу 800 сателити во ниската орбита, а плановите на SpaceX на почетокот на проектот беа да испратат околу 12.000 сателити во орбитатата, број кој со тек на време би се зголемил на дури 30.000.

- Advertisement -

(ZDnet, Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -