Компанијата Hankook направи паметни гуми кои се прошируваат и се контрахираат за да обезбедат поголема стабилност на автомобилите при врнежливо време. Гумите го носат името Hankook Hexonic Tire и имаат посебни шестоаголни панели кои се лизгаат и се отвораат подлабоки шари на гумата за поголема стабилност на влажен пат.
Гумите се дизајнирани првенствено за беспилотни автомобили и во нив се вградени седум сензори кои ги следат условите на патот и се прилагодуваат на температурата и на условите на површината на патот. Компанијата Hankook направи и посебни автомобилски гуми за тркачки автомобили кои го вшмукуваат воздухот и овозможуваат уште поголем аеродинамичен потисок.
Овие гуми уште се само концепти, но ни навестуваат дека иднината на транспортот е веднаш зад аголот.
Smart tire expands and contracts for more grip in rainy weather
This futuristic tire was designed to give cars extra grip in rainy weather 🚗
Posted by In The Know Innovation on Понеделник, 25 февруари 2019