ВИДЕО: Запознајте ја подетално хрватската Rimac Nevera, најбрзиот сериски електричен автомобил во светот

- Advertisement -

Пред неколку дена пишувавме за последното достигнување на хиперавтомобилот Nevera на хрватската компанија Rimac Automobili, зад која стои младиот Хрват Мате Римац. Имено, хрватскиот електричен хиперавтомобил Rimac Nevera ја достигна најголемата брзина од 412 км.ч, со што официјално стана најбрзиот електричен сериски автомобил во светот.

Ова соборување на рекордот следува после независно потврдениот рекорд за забрзување на Neverа од iизвозена четврт милја, односно околу 400 метри за 8,582 секунди, поставен во 2021 година, со што автомобилот стана електричен сериски автомобил со најголемо забрзување во светот.

- Advertisement -

Со постигнатата брзина Neverа станува најрбзиот електричен автомобил во сериско производство во светот и воедно, оваа брзина е најголемата кога било достигната на патеката Automotive Testing Papenbоurgh. Брзината била измерена со помош на Racelogic V-Box, односно високо прецизен мерен уред базиран на GPS.

Но, што се крие под хаубата на овој хиперавтомобили? Nevera има 1914 KS, кои на автомобилот му овозможуваат да достигне 100 км на час за 1,85 секунди, а до 300 км за само 9,3 секунди. Ограничувањето на брзината е на 412 км/ч. Овие перформанси доаѓаат со цена која изнесува 2 милиони евра. Во сериско производство ќе се појават само 150 парчиња Nevera, а како знак на посветеност на проектот Мате Римац лично ќе го тестира и ќе го потпише секој примерок пред да биде доставен на купувачите.

- Advertisement -

Револуционерниот карбонско монокок на Nevera се состои од карбонски кров, батериски склоп и заден карбонски дел. Тие заедно ја сочинуваат најголемата карбонска конструкција во автомобилската индустрија. Автомобилот тежи помалку од 200 кг и е составен од 2.200 карбонски влакна и 222 алуминиумски делови.

Уникатната батерија со течно ладење во форма на буквата H со 6.960 ќелии екипата на Rimac Automobili ја дизајнирала од нула и е сместена во срцето на Neverа. Способна е за производство на 1,4 MW јачина.

- Advertisement -

Во внатрешноста на автомобилот има место за двајца патници и багаж, додека информациите кои возачот сака да ги види. Автомобилот е конфигуриран и за возење по писта, но и за удобност и кабината е поделена на два дела. Фокусот на горниот сегмент е насочен на уживање во возењето и перформанси, додека во долниот дел е сместен инфотеинмент системот, контролата за удобност и податоците за возењето. Од кокпитот возачот може да ги следи перформансите на автомобилот преку телеметрија во реално време.

Она што ги израдува љубителите на популарната видеоигра PUBG беше дека во соработка со Krafton Inc, групација независни студии кои развиваат видеоигри, Bugatti Rimac ја оживеаја Rimac Neverа во виртуелниот свет. Така, играчите на долго очекуваната футуристичка игра PUBG: New State ќе можат да седнат зад воланот на Neverа и да ја искусат брзината и моќта на овој суперавтомобил.

Како ќе изгледа Nevera во дигиталната средина на PUBG можете да видите од видеото во прилог, а какво е чувството да се вози тој хиперавтомобил во виртуелен свет ќе видат тие што ќе ја заиграат новата PUBG.

Nevera се испорачува на купувачите со ограничена брзина од 350 км/ч, но може да постигне најголема брзина од 412 км/ч на посебни терени, во контролирани услови и со поддршка на тимот на Rimac Automobili.

Производството на Neverа моментално се врши во центарот на Rimаc на Јанкомир, а првите автомобили веќе се пристигнати кај купувачите ширум светот.

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -