Виена станува се попаметен град – воведува паметни очила за туристите

- Advertisement -

Виена веќе подготвува воведување на технологија која со помош на паметни очила ќе овозможи брзо добивање на информации и податоци за различни објекти во градот. Во пракса, тоа значи дека, на пример, шетате по плоштадот пред катедралата „Свети Стефан“ во Виена, ги ставате очилата и на нив ќе ги добиете сите потребни информации за катедралата.

Производството на очила со кои може да се управува со поглед и кои можат да обработуваат податоци се подготвува во една компанија во Виена во рамките на новото населено место – езерското гратче Аспен. Очите, односно погледот ја преземаат улогата на компјутерски глушец, што значи дека со поглед може да се прават повеќе работи.

- Advertisement -

На пример, може да се изберат занимливости. Во системот може да се направи видео или фотографија, а сето тоа директно може да се испрати на мејл. Планот на компанијата првобитно бил производството на паметните очила да се префрли во Силиконската долина во Америка. Благодарение на поддршката од Европската унија било одлучено производството да остане во Австрија.

Сподели!
- Advertisement -