Дишењето загаден воздух е исто како да си изгубил тоа што си го научил за една година учење

- Advertisement -

Загадувањето може да ве направи глупави. Истражувачи од Универзитетот Јеил и од Пекиншкиот универзитет во Кина кои живееле во близина на големо загадување имале полоши резултати на математика и на вербалните тестови отколку тие кои живеат во почисти средини.

„Штетата која ја прави загадувањето врз мозокот кој старее ги влошува когнитивните функции, па постарите луѓе имаат поголеми трошоци за доктори затоа што ќе имаат проблеми со секојдневните обврски и при носењето тешки одлуки“ , велат истражувачите.

- Advertisement -

Резултатите не се исти кај сета демографија. Истражувачите откриле дека овие неколку групи можат да изгубат и по неколку години од образованието: мажите, постарите луѓе и луѓето со ниски примања. Колку подолго дишат нечист воздух, толку повеќе им опаѓа интелигенцијата.

„Големото загадување на воздухот се врзува со оксидативен стрес и и неуродегенерација кај луѓето“ вели истражувач од Политехничкиот универзитет во Хонгконг.

- Advertisement -

Но, нема да бидете безбедни само затоа што не живеете во загаден кинески град. Светската здравствена организација проценува дека девет од десет луѓе во светот дишат загаден воздух. „Но, нема краток пат за да го постигнеме тоа. Владите навистина мора да преземат конкретни мерки за да го намалат загадувањето на воздухот. Тоа ќе има бенефит за човечкиот капитал, кој е една од најбитните движечки сили за економски раст во светот“, проценуваат истражувачите.

Сподели!
- Advertisement -