Facebook ќе ја лансира својата криптовалута во првата половина од годинава?

- Advertisement -

Познато е дека Facebook веќе некое време вработува експерти за криптоввалути и гради свој тим за блокчеин технологија, но опсегот, целите и временскиот рок на проектот се непознати. Нов извештај на New York Times наведува дека Facebook планира да ја лансира својата криптовалута веќе во првата половина од годинава.

Facebook има на ум неколку проекти кои се базираат на блокчеин. Според извештајот, проектот за кој е најверојатно дека прв ќе го лансира е еден вид stablecoin. Имено, тоа се криптовалути врзани за традиционален имот како што е златото. Извори на NYT тврдат дека Facebook сака да лансира stablecoin чија вредност би била поврзана со повеќе валути.

- Advertisement -

Според извештајот, проектот е доволно напреден за Facebook да преговара и со менувачници на криптовалути за вклучување на нивната криптовалута, која би можело да се лансира во првата половина од годинава. Од Facebook се повеќе истражуваат начини за да ја искористат моќта на блокчеин технологијата.

Сподели!
- Advertisement -