B-Up e компанија (дел од Inbox архивскиот дата центар) која нуди бекап за компании и е постојан партнер на своите клиенти, на кои не само што им обезбедува решение за резервен план, туку истото го мониторира и се грижи се да биде во ред! „За клиенти кои немаат ИТ капацитети и ресурси во делот на бекап, B-Up е тоа за нив“, вели директорот Димитар Јаневски во интервју за Иновативност
Заштитата на податоци и нивната безбедност е императив бој еден во светот на бизнисот. Дали оваа премиса беше клучна за стартување на компанијата B-Up. Кажете ни детали за компанијата, нејзините услуги и мотивот да се стартува нешто вакво на македонскиот пазар!
Создавањето на B-Up започна од создавање на бизнис модел кој нуди едноставна услуга, достапна за сите компании, со цел да работат континуирано. Секојдневната работа со документи ни ја потврди претпоставката дека голем процент од нашата бизнис заедница нема резервен план за безбедност на нивните дигитални податоци и документи, а со тоа непотребно се изложени на голем ризик.
Ние често ја користиме фразата”… очигледно нема да скокнеш од авион без падобран…” Искуството нѐ учи дека поголеми се шансите за успех и надминување на критичните ситуации, доколку имаме резервен план.
Но како што кажав, кога се работи за дигиталниот свет, голем број на компании (има исклучоци) сѐ уште веруваат дека лошите работи им се случуваат само на другите.
Како бренд, B-Up постои од oктомври 2018, како производ на партнерство помеѓу софтверска компанија од Велика Британија и Инбох – дата архивскиот центар.
Како млада компанија која нуди услуга која е технолошки базирана, со какви предизвици се соочувате?
Одбравме стратегија во која технологијата ни беше помалиот предизвик со тоа што склучивме партнерство со светски позната компанија која веќе ја поседува технологијата. Поголем предизвик ни беше создавање на оперативна и ефикасна организација, која нуди услуги на едноставен и достапен начин.
Најслаткиот предизвик ни беше градењето на брандот, смислување на име, лого и креирање на продуктно портфолио.
Имаат ли македонските компании доволно информации и свесност за потребата од бекапирање на своите податоци и аутсорсирање на оваа деловна функција во рацете на професионалци?
Би кажал дека македонските компании се многу затворени за пробување на нови работи, па дури и во нашиот случај, кога се нуди период на бесплатно користење!
Кога би генерализирал, можам да ги поделам компаниите во три групи:
Компании кои сеуште сакаат да го купат решението без притоа да увидат дека за тоа им е потребен и хардвер /сервер + лиценца + годишни апдејти + човек за одржување и сето тоа води кон многу поголеми трошоци и неизвесноти.
Компании кои сметаат дека некој ќе им ги чита податоците доколку направат бекап, што е неинформираност и некористење на благодетите од дигиталната ера. (како да не користите Google Maps бидејки „Google ќе знаел каде се наоѓате“ 🙂
Компании кои веќе искусиле хаварија (прегорен HDD, нефункционален локален бекап, изгубени податоци, Ransomware итн.) и знаат за важноста на бекапот (знаат за што зборуваме).
Но сепак добар процент од бизнисите иако се свесни, немаат бекап, мислејќи дека е скапо и комплицирано за нив.
Кажете ни подетално за услугата и пакетите кои ги нудите? Кажете ни нешто повеќе за технологијата која ја користите и на кој начин точно функционира ова решение?
Ние нудиме целосна грижа за корисниците, од поставување на бекап, мониторинг на успешност на бекап сесиите, корисничка поддршка 24/7 за што корисниците не треба да учат или да се грижат за безбедна копија на нивните податоци и системи. Нешто како Outsourced BackUp со локална поддршка која е многу значајна за овој пазарен сегмент, каде корисниците немаат искуство и немаат доверба.
[quote]Безбедноста на бекапот е поголема доколку една од копиите е подалеку од оригиналната локација на чување, од причина што при хаварија на локалната инфраструктура на компанијата може да се оштети![/quote]
Во понудата имаме три пакети, во зависност од потребите на компаниите:
DocUp – само за документи каде автоматски, без сетирање ги идентификува сите документи од компјутерот, без разлика каде се зачувани, и прави безбедна копија секој ден.
Наменет за лица кои работат со документи, а и не сакаат да се грижат каде ги зачувале, или мануелно да ги качуваат на сервер локација.
DeskUp – за компјутер (Windows, Mac, Linux) со можност за бекап на секаков вид на податоци, компјутерска конфигурација, програми со можност за подесување на фреквенција на бекап, како и историја на чување.
Наменет за компании кои имаат компјутер на кој чуваат податоци и им служи како сервер и имаат задолжено вработен да прави мануелен бекап на екстерен HDD.
ServerUp – за Server, Виртуелен Сервер, бази на податоци (MS SQL, VM-ware, Hyper-V, MS Exchange) со можност за Bare Metal Recovery и Virtual DR.
Наменет за компании кои имаат сервери а сакаат да обезбедат поголема сигурност и редундантност, без да инвестираат во дополнителна опрема.
Во однос на технологијата, се работи за Cloud BackUp каде секоја промена на податоците се зачувува како бекап сесија, со можност да се врати од датумот кога е потребна.
На кој начин ја гарантирате безбедноста и доверливоста на податоците на вашите клиенти?
Во овој бизнис нема 100% гаранција, но сите чекори кои се превземаат нудат многу повеќе сигурност, отколку да не ги правите. Податоците се чуваат на EU Cloud локација (Amazon), а доколку корисникот сака може и на МК Cloud (партнерство со Македонски Телеком).
Стандардната локација е EU Clould каде провајдер партнерот заедно со Amazon се GDPR compliant а постои и AES 256 end-to-end енкрипција на податоците, што го прави трансферот на податоци посигурен.
Би го напоменал фактот дека иако ние се грижиме за успешноста на бекап сесиите и правиме секојдневно мониторирање, немаме преглед на содржината на податоците, бидејќи корисникот подесува CODE кој е “PRIVATE ENCRYPTION KEY” кој не се зачувува онлајн и само корисникот го знае. Тој CODE e дополнителна безбедност и е неопходен за враќање (Restore) на податоците на нова локација.
Кои се предностите на чување на бекап во облакот?
Безбедноста на бекапот е поголема доколку една од копиите е подалеку од оригиналната локација на чување, од причина што при хаварија на локалната инфраструктура на компанијата може да се оштети сите податоци, а притоа копија во облакот (Cloud) е безбедна и недостижна.
Освен редундандност (резерва), користење на Cloud BackUp дава и скалабилност со лесно зголемување на капацитетите за чување на податоците, без докупување на хардвер/опрема. Пример, доколку ви треба повеќе простор, ќе ни се јавите и ќе ви го зголемиме капацитетот 🙂
Достапноста на податоците од различни локации (remote connection) би ја навел како значајна предност, посебно за бекап на PC каде корисникот може да направи Restore на податоци, во случаи и кога го нема физички својот компјутер.
Според сегашната состојба и првичниот feedback од постојните и потенцијалните корисници, дали има потреба од дополнителна адаптација на овој сервис кон специфичните потреби на корисниците?
Според првичниот feedback, мислам дека сме во почетна фаза каде производот е добар. Работиме на константна адаптација на пристапот кон корисниците и начинот на нудење на бесплатна проба. Предизвик ни е подигање на свесноста за значењето на бекапот, без при тоа да користиме црни сценарија.
Имате ли планови за ширење на други пазари?
Долгорочни да, краткорочни не. Денес ништо не не спречува да продаваме на други пазари – сервисот се дава онлајн, веб страната ни е повеќе јазична, а плаќањето е со кредитна картичка 🙂
Кон крајот на месецот ќе го одбележите Светскиот ден за backup со организирање на конференција. Кажете ни детали!
Нашата цел е да дадеме придонес кон општеството и да го кренеме нивото на свесност и значење на бекапот. Сакаме да го направиме бекапот достапен за сите, со што би имале општество без изгубен дигитален податок!
Се работи за првата онлајн конференција по повод Светскиот ден на бекапот која ќе биде од бесплатен карактер и е наменета за сите луѓе кои поседуваат компјутер (ќе биде интересна и корисна за бизнис луѓе кои немаат ИТ познавање.)
Насловот е “Let’s Make BackUp for All!” – каде повикуваме да ни се приклучат што повеќе луѓе во нашата мисија за кревање на свесноста и значењето на бекапот.
Датум: 29.03.2019 @14h~16h ЛИНК за регистрација
Ќе има 4 говорници од различни области, приватен сектор, експерти од МАСИТ и ИнноФЕИТ кои ќе зборуваат на теми како “Осврт на МК пазарот” , “Бизнис континуитет преку BackUp – must for GDPR”, “Ransomware as a Service” и “Cyber security (колку се сигурни Вашите податоци со online backup)”
Пријавувањето е бесплатно а истата ќе биде онлајн, односно ќе се следи од вашиот компјутер или телефон, како и со live streaming на Facebook.
По завршување на конференцијата ќе создадеме eBook – прирачник за компаниите во случај на хаварија.