„Патот до здрави заби“: Четко Четковски и Лакалут ве повикуваат на дружба во Веро Џамбо

- Advertisement -

Родители и дечиња, главниот лик на кампањата „Патот до здрави заби“, Четко Четковски, ве повикува на гооолем настан на кој ќе се дружиме, забавуваме и другаруваме. Целта на настанот што ќе се одржи на 23 март во Веро Џамбо е низ игра и забава да ги едуцира посетителите за правилната нега на забите од најрана возраст. Четко подготви три игри преку кои ќе бидат претставени различни важни лекции што е неопходно да ги знаат сите оние што сакаат да имаат голема блескава насмевка како неговата.

Кампањата „Патот до здрави заби“ оваа година прославува значаен јубилеј – веќе петта година со ред, Четко Четковски, низ игра и забава ги едуцира дечињата за чекорите што треба да се следат за да имаат здрава насмевка. Првиот настан годинава ќе се одржи на 23.март во Веро Џамбо од 12 до 14 и 30 часот. На настанот ќе биде присутен Четко, кој ќе ги бодри присутните учесници во минувањето на игрите, а за сите што ќе земат учество тој подготви подароци од детската линија Лакалут.

- Advertisement -

На настанот, ќе биде присутен и детски стоматолог кој ќе дели бесплатни совети на дечињата и родителите.

Дојдете на дружба, едукација и подароци!

- Advertisement -

Кампањата „Патот до здрави заби“ е поддржана од страна на Натусана, главниот застапник на широка палета врвни производи со германски квалитет, меѓу кои е и детската линија Лакалут. Во оваа линија се наоѓаат производи за орална хигиена за деца на возраст 0-4, 4-8 и 8+ возраст. Преку кампањата, Натусана континуирано работи на едукација на родителите и децата за сите важни аспекти поврзани со оралната хигиена кај децата.

Сподели!
- Advertisement -