Womenpreneurs Stories втора сезона трета епизода: Soft Landing & Community Building

- Advertisement -

Сите приказни вреди да се споделат… Некои, исто така, вреди да се прослават!
Приказни за жени претприемачи и жени на лидерски позиции е иницијатива која има за цел да ги и слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот!

Придружете ни се на овој, трет од втората сезона на неформални настани, со специјални гостинки од Чикаго, САД на 1 април (понеделник), 18-20 ч. во просториите на Јавна соба, Скопје.

- Advertisement -

Со поглед кон иднината, дефинитивно ни се потребни повеќе жени на лидерски позиции. Придонесот што жените како иноватори, претприемачи и мотори на промени можат да го дадат на економскиот раст во Македонија е многу важен.

Многумина се веќе вклучени директно и индиректно во поддршката за креирање средина во која жените во Македонија се препознаваат и целосно можат да придонесат за развојот на новиот претприемачки екосистем. Зошто? Што е постигнато? Што друго можеме да направиме?

- Advertisement -

Дојдете и придружете се кон разговорот со нашите претприемачи, основачи, лидери, ментори, конектори – жени и мажи.

Три причини зошто?

- Advertisement -

1. Запознајте ги гостинките од Чикаго, САД, жени лидери и дознајте ги нивните приказни

На овој настан говорници ќе бидат Триша Дег – потпретседател за талент програми и операции на Асоцијацијата за технологија на Илиноис и Кејтлин Мекалистер, извршен директор на Catapult Chicago. Тие ќе ги споделат своите лични и професионални приказни, да ве инспирираат и мотивираат. Предвидени се и посебни сесии каде Триша ќе зборува на темата „Привлекување и задржување на технички таленти во вашиот град и градење заедница во рамките на технолошка заедница“ („Attracting and retaining technical talent to your city and Building a community within a tech community“), а Кејтлин ќе зборува за „Меко приземјување на технолошките компании на американскиот пазар“ („Soft landing of tech companies in US market (Catapult Chicago model)“)

2. Вмрежување со лидери од индустријата, корисни совети и трикови

Искористете ја оваа можност да разговарате со жените кои ги делат истите предизвици, интереси и страсти како вас. Овој настан ќе ви помогне да стекнете нови пријатели и изградите партнерства. Ако размислувате како да превземете иницијатива и да се впуштите во стартап светот, би сакале да ве запознаеме. Ќе имате можност да се вмрежите со жените на лидерски позиции во различни фази на градење на нивните кариери и бизниси.

3. Бидете инспирирани да станете самомотивирани

Едно е сигурно: Womenpreneurs Stories ќе ве инспирираат и мотивираат да преземете одговорност за вашиот професионален живот!

Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; во партнерство со World Chicago, FITR, CEED MKD, Public Room и Grouper.mk.

Обезбедете си место на следниот линк https://grouper.mk/deal/womenpreneurs-stories-soft-landing-community-building?fbclid=IwAR3S9KwndtsQlgWs8yYztDRP7C02_CxicRP3Rtd52A7s8Tg33_7Vgrjp52Y

Сподели!
- Advertisement -