Извршена првата операција на мозок преку 5G на пациент оддалечен 3.000 километри од докторот

- Advertisement -

Доктор ја направи првата операција во светот на мозок преку мобилната мрежа 5G. На пациент со Паркинсонова болест му бил вграден имплант во мозокот од страна на доктор кој се наоѓал оддалечен 3.000 километри од пациентот

Докторот кој ја извршил операцијата, д-р Линг Жипеи, вели дека новата технологија ќе им олесни на медицинските лица да оперираат на луѓе кои се во области каде што не може да се пристапи или самите пациенти не можат да патуваат.

Д-р Линг Жипеи е хирург во општата болница People’s Liberation Army во Пекинг и како што пренесуваат кинеските медиуми, операцијата ја извршил на оддалеченост од илјадници километри. Со помош на роботи хирурзи тој вградил имплант за стимулација на мозокот, уред кој се користи за контролирање на тресењето на рацете и телото кај пациенти со Паркинсонова болест. Преку регулирање на нервните сигнали имплантот може да му помогне на пациентот да ги контролира движењата и да има нормална функција на мускулите.

- Advertisement -

Процедурата била извршена во саботата и траела околу три часа. Уште не е познато како д-р Линг ги контролирал машините од локацијата каде што се наоѓал – островот Хаинан се наоѓа во близина на јужниот брег на Кина и на Виетнам, додека Пекинг, каде што била извршена операцијата, се наоѓа на северниот дел. Познато е само дека користел мобилен Интернет за да ги движи роботите речиси во реално време.

- Advertisement -

Д-р Линг вели дека се надева дека во иднина ќе можеме да ги искористиме бенефитите на 5G мрежата за што повеќе болници во светот да можат да вршат вакви операции на пациенти. Операцијата била овозможена од мрежата на China Mobile и технологијата на Huawei за 5G. По процедурата пациентот на кој му бил вграден имплантот изјавил дека се чувствува добро.

Сподели!
- Advertisement -