Профункционира Регионалниот бизнис регистар за Западен Балкан

- Advertisement -

Во онлајн употреба веќе е пуштен Регионалниот бизнис регистар за Западен Балкан www.bifidex.com кој ќе им обезбеди на инвеститорите, трансапарентни и лесно пристапни информации за локалните компании.

Регионален бизнис регистар за Западен Балкан www.bifidex.com кој ќе обезбеди на инвеститорите, трансапарентни и лесно пристапни информации за локалните компании е пуштен во употреба.

- Advertisement -

Порталот на бизнис регистри за Западен Балкан под назив „Размена на деловни и финансиски податоци“ (РДФП) е креиран од Српската агенција за деловни регистри и Централниот регистар на Северна Македонија, а Србија и Северна Македонија се првите земји од регионот кои се приклучија на оваа иницијатива. Поддржан е од ЕБОР, а Фондот за добро владеење на Владата на Велика Британија му додели дополнителни 700.000 евра за натамошно проширување на проектот и за поттикнување на интеграцијата на останатите бизнис регистри на земјите од регионот.

Порталот ќе служи како место за информирање на бизнисмените и инвеститорите, обезбедувајќи пристап до ажурирани информации од националните агенции за бизнис регистри, сите достапни од едно место.

- Advertisement -

Базата на податоци вклучува над 500.000 компании и нуди информации за сопственикот на компанијата, нејзиното управување, финансиските извештаи, измените во организацијата и слично. На овој начин, на сите заинтересираните страни, ќе им се овозможи да пребаруваат информации за активните компаниите во определен сектор, географска локација или други критериуми.

Сподели!
- Advertisement -