Amazon сака да создаде нов вселенски Интернет со 3.000 сателити

- Advertisement -

Amazon ет. планира во наредните неколку години да лансира дури 3.000 сателити во ниската Земјина орбита за да создаде нова широкопојасна интернет-мрежа во целиот свет. Поточно, сака да создаде вселеснки Интернет кој ќе биде достапен за сите без оглед на тоа каде се наоѓаат на Земјата, а брзината ќе биде иста како оптичкиот Интернет.

Својот проект Kuiper го пријавиле во Обединетите нации, односно во неговата Меѓунаордна телекомуникациска унија. Иако во својата пријава Amazon не го прецизира траењето на проектот, ни неговата вредност, се проценува дека ќе поминат уште барем 10 години пред да проработи новата мрежа. Покрај тоа, ќе бидат потребни најмалку 1 милијарда долари за изработка и лансирање на сателитите.

- Advertisement -

Но, Amazon не е единствениот кој сака да го освои небото. И Илон Маск сака да создаде мрежа од сателити кои би овозможиле широкопојасен Интернет. Неговиот SpaceX минатата година лансираше два сателити, кои треба да бидат зачеток на новата мрежа Starlink, во која се планирани 4.425 сателити. Марк Цукерберг, пак, уште во 2015 година го претстави својот план тежок милијарда долари за мрежа од сателити кои би обезбедувале широкопојасен Интернет во Африка и во другите сиромашни краеви од светот. Меѓутоа, тој план не се оствари.

Сподели!
- Advertisement -