Француска компанија направи паметен часовник кој не треба да се полни

- Advertisement -

Француската компанија NOWA од Париз на платформата за групно финансирање Kickstarter стартуваше проект со кој на пазарот сака да го презентира својот паметен часовник NOWA Superbe, за кој велат дека е комбинација од врвниот традиционален француски дизајн и опции за следење на сонот, задавање цели за вежбање и автоматско подесување на времето според зоната во која се наоѓате.

Иако часовникот многумина не би го нарекле паметен затоа што му недостига битен елемент – екран со сензори како „вистинските“ паметни часовници за да може да се поврзе со Android и iOS телефони, производителот вели дека магијата на часовникот е во тоа што  не треба да се полни. Во себе има батерија CR2025 која овозможува негово непречено  користење цели 8 месеци по што  мора да ја замените батеријата.

- Advertisement -

Ако сакате да го набавите, треба да уплатите 99 евра за кампањата на Kickstarter, па ќе го добиете во август годинава, додека подоцна во малопродажба ќе чини 189 евра.

Сподели!
- Advertisement -