Чувствувате ли мачнини кога патувате? Google има решение

- Advertisement -

Сите што имаат проблеми со мачнини кога патуваат најдобро знаат колку е тешко да планираат патување со автомобил, авион, брод или воз затоа што патувањето може лесно да се претвори во хорор со повраќање и гадење. Во текот на возењето имаат проблеми при секое забрзување и забавување, при застанување, при вртење на кривини и слично. Гледањето во екранот од телефонот додека се возат е незамисливо, а читањето е невозможна мисија.

Како што пишува Zimo, тимот на Waymо, одделот на Google за беспилотни автомобили, се обидува да најде решение за овој голем проблем и неодамна објавија патент за систем кој ќе го спречи повраќањето и ќе им ги олесни патувањата на луѓето кои патат од морска болест. Овој систем вклучува повеќе фактори чиј резултат треба да биде пријатно возење. Системот би го одредил движењето по патиштата со што помалку вртење. Тоа може да значи подолго патување, но ако се избегнат мачнините и повраќањето, секако вреди. Исто така, патниците во автомобилот ќе треба да седат на места на кои помлаку се чувствува ефектот на возењето, а системот ќе ги известува кога да не гледаат надолу.

- Advertisement -

Уште еден начин на кој Waymo ќе се обиде да го спречи повраќањето во текот на возењето е со оставање простор меѓу автомобилите за да биде полесно кочењето, а доколку се создаде гужва на пат и потребно е многу вртење и стопирање, автономниот автомобил ќе избере друг пат на кој нема да има толку гужва. Waymo сака да испита и на кој начин забзрувањето и забавувањето на автомобилот на одредени патишта влијае на симпромите на морската болест за потоа да го прилагоди системот на патниците.

Сподели!
- Advertisement -