Инфлацијата, која се проектира да достигне неверојатни 8 милиони проценти годинава, ја прави Венецуела најмизерната економија во светот. Оваа јужноамериканска нацијансе наоѓа на врвот на индексот на магазинот Bloomberg, Misery Index, кој ги сумира проценките за инфлацијата и стапката на невработеност во 62 економии петта година по ред. Индексот вклучува земји за кои Bloomberg има доволно економски предвидувања.
Bloomberg Misery Index се пресметува како збир од инфлацијата на земјата и стапката на невработеснот. Индексот ја споредува средната проценка за економијата на земјата во 2019 година со достапните податоци за 2018 година.
Венецуела и неколку други земји се во групата најмизерни економии во светот и се борат со висока инфлација и високи стапки на невработеност. Повеќето други креатори на политики годинава се соочуваат со многу поинаков предизвик – комбинација од тивка инфлација и ниска стапка на невработеност која ја комплицира анализата на економското здравје.
Тајланд, пак, годинава повторно е најмалку мизерната економија во светот, поради уникатниот начин на справување со невработеноста. Швајцарија е на второ место, а Сингапур на трето. САД се искачи на 13-тото место на листата со најмалку мизерни компании, а Обединетото Кралство е на 16-то место.
Индексот се базира на стариот концепт дека ниската инфлација и невработеноста илустритраат колку добро се чувствуваат жителите во една економија. Годинашните резултати на Bloomberg се базираат на истражувања на економисти, додека претходните изданија беа базирани на вистински податоци.
Меѓу најмизерните економии во светот, освен Венецеуела, се Аргентина, Јужна Африка, Турција, Грција и Украина. Сите тие земји си го задржале рангот од минатата година, покажувајќи економски проблеми и мал напредок во справувањето со невработеноста и инфлацијата.
Потоа следуваат Украина, Шпанија, Уругвај, Бразил, Србија и Саудиска Арабија.