ВИДЕО: Ова е најголемиот подводен стаклен ресторан во светот

- Advertisement -

Ова е најголемиот стаклен подводен ресторан во светот. Ресторанот се вика 5.8 Undersea Restaurant. Името го добил по длабочината на која се наоѓа – 5,8 метри под површината на водата, а се наоѓа во близина на ресортот Хуравалхи на Малдивите.

Додека седите во ресторанот и пиете вино или јадете некој вкусен оброк можете да го гледате неверојатниот морски свет во својата природна средина.

- Advertisement -

Погледот е апсолутно неопислив со зборови и незаборавно искуство за секој кој го посетил ресторанот. Ресторанот бил составен во Нов Зеланд, а потоа со брод бил префрлен на сегашната локација и поставен под вода.

Сподели!
- Advertisement -