Во Ирска телефонските говорници се заменуваат со полначи за електрични возила

- Advertisement -


Денес кога не можеме да го замислиме животот без смартфоните, а автомобилите поминуваат низ досега најголемата револуција откога постојат, тешко е да замислиме дека пред 25 години најголем дел од луѓето немале мобилни телефони, а електрификацијата на возилата изгледала како некоја визија која ќе се оствари во многу далечната иднина.

Ако на крајот на 90-тите години сакавте да телефонирате, а не сте дома или во канцеларија, можевте да појдете до пошта и оттаму да се јавите некаде или да телефонирате од некоја од јавните говорници кои ги имаше на секој чекор. но, со напредокот ан технологијата ситуацијата се смени драстично и тоа за многу кратко време. Најголем дел од телефонските говорници станаа дел од историјата, а посебно е симболично она што се случува во Ирска, односно на местата каде што некогаш постоеле говорници.

- Advertisement -

Имено, најголемата приватна мрежа за полнење електрични автомобили во Ирска, EasyGo, најави голема инвестиција во брзи полначи за автомобилите во селата и градовите во земјата, а дел од својата инфраструктура сака да постави на местата каде што некогаш имало или во некои случаи уште има телефонски говорнции.

За да ја поставиме Ирска на патот кон користење исклучиво зелени автомобили, ни треба интраструктура не само во градовите, туку и во најголем дел од земјата, велат од ирскиот телеком оператор Eira. Оттаму велат дека слично како што претходно говорниците биле од јавен интерес за многумина, сега таа улога ќе ја имаат полначите за автомобили.

- Advertisement -

Покрај постојните 2.400 полначи ширум Ирска, EasyGo најави поставување на нови 200 брзи полначи.

(Electrek)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -