Alibaba е највреден кинески бренд

- Advertisement -

Растот на вредноста од дури 59% на годишно ниво на 141 милијарди долари му помогна на Alibabа, гигантот на полето на електронската трговија, да го заземе првото место на листата BrandZ Top 100 с највредните кинески брендови. Ова е прв пат компанијата да биде прогласена за највреден национален бренд на годишната ранг листа BrandZ.

BrandZ е најголемата и највлијателна платформа за вреднување на брендови во светот, а ја создадоа британските мултинациоанлни компании за маркетинг, односи со јавноста и консалтинг VPP Group и  Kantar.

- Advertisement -

Според новата објавена листа, вредноста на Alibaba пораснала за 136% во последните пет години на листата BrandZ Top 100, најдминувајќи го вкупниот раст на сите компании на листата Тop 100, кој за тој период изнесува 92%.

Веднаш зад Alibabа, на втората позиција, се наоѓа инвестицискиот конгломерат Tencent, чиј бренд ја зголемил вредноста на 138 милијарди долари. На трето место е кинеската банка ICBC со вредност од 40,725 милијарди долари. На четврта позиција се најде телекомуникациската компанија China Mobile со 39,103 милијарди долари, а на петтата производителот на алкохол Moutai со вредност од 36,555 милијарди долари.

- Advertisement -

Компаниите Huawei, Baidu и JD исто така се наоѓаат меѓу топ 10 највредни кинески брендови на годинашната ранг листа.

Сподели!
- Advertisement -