Alphabet Inc, компанијата-мајка на Google, одлучи да ја прекине соработката со Huawei. Така, изгледа дека Huawei ќе изгуби пристап до надградбите на телефоните кои имаат Android. Исто така, нема да има пристап до Google Play Store, Gmail и други бројни апликации.
„Huawei ќе може да користи само јавно достапни верзии на Android и нема да има пристап до сервисите и апликациите на Google“ пишува Reuters, а објавено е и дека деталите уште се договараат со Google. Така, денеск беше објавена информација за постојните корисници на телефоните на Huawei со Android.
Портпарол на Google објави дека сегашните корисници на паметни телефони на Huawei со апликации на Google, како и идните корисници на веќе произведените телефони на Huawei кои се наоѓаат во продавниците ќе можат и понатаму да ги користат тие апликации, како и да симнуваат ажурирања за апликациите. Сепак, оттаму напоменуваат дека ги разгледуваат импликациите на оваа одлука.
„За корисниците на нашите услуги, Google Play и заштитата со Google Play Protect и понатаму ќе фунцкионираат на уредите на Huawei“ велат од Google без да откриваат нови детали.
Овој прекин на соработката би можел значително да му наштети на бизнисот на Huawei поради тоа што ќе го изгуби пристапот до ажурирањата. Идните верзии на паметни телефони на Huawei ќе го изгубат и пристапот до сервисите како Google Play Store, Gmail и YouTube. Huawei ќе може да користи само јавно достапни верзии на Android и нема да има пристап до сервисите и апликациите на Google.
Од Huawei, пак, на ова одговорија со изјава дека компанијата е еден од главните учесници во развојот на Android. Се шират и гласини дека се подготвувале за ваква евентуална ситуација и губење на софтверот од некоја од американските компании како Google и Microsoft, па развивале сопствен оперативен систем како алтернатива за Android.