Audi претстави нов електричен автомобил со можност за автономно возење на саемот за автомобили Auto Shanghai 2019. Новото возило навистина ги поместува границите кога е во прашање технологијата за конектирање со природата. Освен технологијата за вештачка интелигенција, автономното возило AI:ME е целосно електрично, а во внатрешноста на колата има посебен дрвен покрив на кој може да се одгледуваат растенија.
Според компанијата, системите за вештачка интелигенција се способни за учење и размислување, а исто така може да бидат проактивни и персонални. Благодарение на Audi AI, моделите на оваа автомобилска компанија во иднина ќе бидат посочувствителни и попаметни. Ќе можат да комуницираат со својата околина и да се адаптираат на подобар начин отколку порано.
На автомобилот AI:ME способностите за автономно возење се од четврта генерација, иако на системот не му треба помош од возачот. Сепак, возењето пред се е наменето за автопат или определени делови од градовите.
Што се однесува на зелениот покрив, ова е прв ваков автомобил во светот. Дизајнерите искористиле филигранско дрво за да направат посебна дрвена рамка на покривот од внатрешниот дел каде што може да се одгледуваат растенија. На овој начин Audi сака не само да направи поблиска врска меѓу возачот и природата, туку и да се подобри квалитетот на воздухот во автомобилот.