Во Скопје ќе се одржи конференција за донирање на вишокот храна

- Advertisement -

На 19 јуни ќе се одржи донаторска конференција во организација на мрежата „Сите сити“, на која компаниите ќе бидат информирани за придобивките што би ги имале ако се вклучат во системот на донирање храна.

Конференцијата е најавена за на 19 јуни во 11 часот во хотел „Мериот“.

- Advertisement -

Според податоците на „Сите сити“, секој четврти граѓанин во Македонија има проблем да ги обезбеди сите оброци во текот на денот, а од друга страна големи количини употреблива храна се фрлаат.

Иновативниот модел на „Сите сити“ освен достава на храна предвидува и кампања за подигнување на свеста на компаниите и граѓаните, изработка на прирачник за безбедна употреба на вишоците на храна и воведување на иновативна веб платформа која ќе ги поврзува бизнисите и граѓанските организации. Меѓу другото, вишоците на храна ќе се објавуваат на веб платформата и ќе може навреме да се преземат од граѓанските организации, со планирање на количини, лица и време на подигнување на храната.

Сподели!
- Advertisement -