Отворен е повикот за Aspire Balkans, поглавје Македонија!

- Advertisement -

Ако сте жена и имате стартап во рана фаза или бизнис идеја за стартап, ова е програмата за вас. Aspire Balkans е уникатна програма која ги охрабрува жените да станат претприемачи и да ја претворат својата бизнис идеја во стартап. Програмата е инспирирана и се реализира во соработка со програмата ASPIRE во AtoBe Accelerator во Ерусалим, Израел. Aspire е пре-акцелераторска програма насочена кон креирање на заедница од жени претприемачи кои сакаат да изградат стартап од нивните иновативни идеи или да го унапредат постоечкиот бизнис. Главната цел на Aspire е да обезбеди одржлива средина за учење за жените и со тоа да го зголеми бројот на жени на водечки позиции. Со учество во програмата, учесничките ќе ја постигнат целта да ги развијат своите идеи во успешни бизниси. Програмата е поддржана од Министерството за надворешни работи на Израел со водечки партнери Aspire Accelerator од Македонија.

За време на програмата, учесничките ќе научат да развиваат иновативни начини за започнување и развој на нивниот бизнис. Програмата ќе биде исполнета со предавање на модули, спроведување на работилници, менторски сесии и инспиративни предавања водени од професионалци од Израел и Европа.

- Advertisement -

Придобивки од учество во програмата:

  • Претворете ја вашата идеја во стартап
  • Унапредување на вашиот стартап во рана фаза
  • Учете од реномирани ментори од глобалната стартап заедница
  • Станете дел од АСПИРЕ заедницата
  • Запознајте инвеститори од Израел, Европа и светот
  • Шанса да добиете средства за вашата стартап идеја
  • и повеќе..

2 учеснички на програмата кои ќе бидат највисоко рангирани на Демо Денот ќе добијат:

- Advertisement -
  • Бесплатно учество во програмата Aspire Acceleration
  • Индивидуална средба со потенцијален инвеститор
  • Лична сесија за менторство
  • Студиско патување во Израел

Доколку сакате да аплицирате, пополнете го формуларот за апликација. Учеството за програмата изнесува 50 евра. Не ја пропуштајте оваа можност да бидете дел од програмата што ја водат жени за жени!

Ајде да учиме заедно и да создадеме повеќе жени претприемачи во Македонија и на Балканот! Повеќе информации и линк за регистрација може да најдете ТУКА

Сподели!
- Advertisement -