Business Elite Awards (businesseliteawards.com) е бренд на Global Top Brands Awards специјално креиран да препознае и даде признание на најуспешните бизнисмени ширум светот и да ги поврзе меѓусебно со цел зголемување на можностите за проширување на нивниот бизнис и зголемување на профитот. Бидејќи големите умови размислуваат слично, а колективните умови успеваат заедно, уникатниот начин на креирање на мрежи и создавање на платформа за идна соработка на најуспешни луѓе од бизнисот е преку организирање на престижни бизнис самити во најзнајчајните бизнис центри како Њујорк, Торонто, Дубаи, Лондон, Амстердам итн.
Новата престижна програма Business Elite’s “40 under 40“ е посветена на извонредните млади менаџери и претприемачи на возраст под 40 години, визионери и иноватори кои со своите постапки го менуваат начинот на кој работат компаниите. Тие се тие кои ги инспирираат другите и кои веќе започнале да им возвраќаат на своите заедници преку најразлични општествено одговорни активности. Признанието “40 под 40“ е една од најпопуларните и најпрестижни награди во светот за младите бизнис лидери, честопати прва програма со која се привлекува вниманието на многу успешни светски познати личности. Секако, речиси е сигурно дека добитниците на признанието ќе создадат извонредна кариера и ќе имаат значителни достигнување во иднина.
М-р Христо Кондовски, основач-акционер во СН Осигурителен Брокер, косопственик во СН Финансии ДОО Битола, СН Менувачница, СНММ Инфо Медиа ДОО, СН Сообраќаен Центар, СН Центар за Моторни Возила и СН Бар и Ресторан се стекнува со најпрестижното признание Business Elite’s “40 under 40” како еден од 40те најуспешни млади бизнис лидери од Југоисточна Европа кои се приклучуваат на глобалната бизнис елита.
„Нема поголема награда за еден човек кога цела напорна работа во текот на годините ќе се валоризира со признание како оваа на Business Elite’s “40 under 40“. Голема чест ми е што Бордот на судии составен од признати бизнисмени и јавни личности од Европа и светот ја препознаа мојата работа и ме избраа меѓу добитниците на овогодешната награда Business Elite’s “40 under 40“ најуспешни млади бизнис лидери од Југоисточна Европа. Голема благодарност на досегашната голема поддршка од страна на моите деловни соработници, пријатели и посебна благодарност до тимот кој придонесе и придонесува во развој на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР“ изјави извршниот директор на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР – М-р Христо Кондовски.
Во 2004 година предводен од ориентацијата на неговото семејство кон економијата, се запишува на Економскиот факултет во Прилеп како студент на насоката за Меѓународна економија и бизнис. Студиите по економија ги завршува рекордно брзо со висок просек. Своето образование го продолжува во 2010 година запишувајќи се на постдипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Магистрира во 2012 година на тема “Придонес од тимската работа во ефективноста и ефикасноста во осигурителните компании”.
Професионалната кариера ја започнува во август 2008 година како застапник за осигурување во друштвото за осигурување Вардар АД Скопје. Како надворешен застапник со договор на дело има значајни резултати и во 2010 година добива договор за внатрешен застапник каде работи на сите класи на осигурување кај правните и физичките лица. По одличната кариера во ова друштво и по остварените завидни резултати во 2014 година успешно го полага испитот за Осигурителен брокер од Агенцијата за супервизија на осигурување. Во 2014 година, во месец август, на негов предлог и на предлог на неговиот колега Зоран Пејчиновски, а со несебична и јасна поддршка од останатите партнери-акционери се формира СН Осигурителен Брокер АД Битола од Битола.
М-р Христо Кондовски е косопственик во СН Финансии ДОО Битола, СН Менувачница, СНММ Инфо Медиа ДОО, СН Сообраќаен Центар, СН Центар за Моторни Возила и СН Центар за угостителство. Исто така ја водеше инвестицијата на СН Сообраќаен центар вредна 5.5 милиони евра каде што во првата деловна година планирани се 150 вработувања.