Компанијата Dahir Insaat, основана од рускиот инженер и иноватор Дахир Семенов, го претстави проектот за првиот целосно автоматизиран ресторан во светот. Во овој ресторан од иднината ќе биде потребна минимална човечка интервенција во текот на целиот процес на приготвување и послужување на храната.
Според проектот, автоматизиран систем ќе се користи за нарачка, послужување и чистење на ресторанот. Гостите ќе можат да нарачуваат преку таблет, а ќе ја добијат својата нарачка за максимум една минута. Ова ќе биде овозможено со посебни автоматизирани ленти на кои механички раце ќе ги поставуваат чиниите и храната. Потоа порциите со храна ќе се пренесуваат до делот од лентата кој е точно над масата на гостите и ќе бидат послужени преку тркалезен отвор директно на масата.
Освен што целиот процес е автоматизиран, ќе се користи посебен автоматски мијач на чинии под висок притисок, кој ќе одржува беспрекорна хигиена. Сепак, ќе бидат потребни луѓе за одредени делови од процесот.
Future of Serving – Dahir Insaat
The Future of Serving!
Posted by Startup Selfie on Среда, 03 јули 2019