Фабриката „Тиамо“ отвори нов погон за преработка на месо

- Advertisement -

Фабриката „Тиамо“ отвори нов погон за преработка на месо во Глумово, општина Сарај. Станува збор за инвестиција вредна четири милиони евра, дел поддржана од ИПАРД.

Ова е резултат на нашата макотрпна работа повеќе од десет години, на нашата долгорочна, развојна цел, но и резултат на институционалната поддршка, рече Хајурн Сулејмани, сопственик на фабриката.

- Advertisement -

Вградена е современа и напредна технологија според меѓународните стандарди за поефикасно, полесно, побрзо и поквалитетно производство. Во погонот ќе има 30 нови вработувања.

„Тиамо“ е само еден доказ како кога некое семејство се посветува на бизнисот, резултатите не изостануваат, особено ако има поддршка од локалната и централната власт. Ова нека биде почеток. По десет години очекувам повторно да е соберете за нов капацитет, рече градоначалникот Реџепи.

- Advertisement -

Новиот објект за преработка на месо во Глумово е на површина од 3.000 квадратни метри.

Извор – www.instore.mk

Сподели!
- Advertisement -