Microsoft инвестира милијарда долари во компанија на Илон Маск

- Advertisement -

Microsoft инвестира милијарда долари во OpenAI компанија чиј соосновач е Илон Маск, а преку партнерството двете компании заедно ќе работат на развој на суперкомпјутинг технологии и вештачка интелигенција за Microsoft Azure. Според најавите, Microsoft ќе стане ексклузивен клауд провајдер на OpenAI. Двете компании велат дека технологијата која планираат да ја изградат, т.н. генерална вештачка интелигенција (AGI), може да реши посложени проблеми кои моментално вештачката интелигенција не може да ги реши.

„Модерните системи за вештачка интелигенција добро работат за специфичен проблем за кој се обучени, но за добивање системи кои ќе помогнат во решавањето на некои од најтешките проблеми со кои денес се соочува светот ќе биде потребна генерализација и длабоко совладување на технологиите за вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Визијата на OpenAI  на Mic0rosoft е генералната ветачка интелигенција да работи со луѓе за да помогне во решавањето на секакви проблеми, вклучувајќи ги и глобалните предизвици како климатските промени, персонализираната здравствена заштита и образованието“, се вели во соопштението од компаниите.

Наместо да изгради споствен производ за да ги надомести трошоците за изградба, OpenAI во известување наведоа дека одлучиле да лиценцираат некои од своите „pre-AGI“ технологии и да го направат Microsoft пожелен партнер за комерцијализација. Компаниите одлучиле да соработуваат на основа на заеднички принципи за етика и доверба.

Сподели!
- Advertisement -