Биткоин наполни 15 години – колку пари би заработиле да инвестиравте уште првиот ден?

- Advertisement -

Биткоин го прослави својот 15. роденден, a некои луѓе навистина имаат причина за славење затоа што откако прв пат се појави на пазарот, вредноста на овој токен порасна за 3.449.989.839%.

Малкумина претпоставија дека биткоин ќе стане центарот на крипто индустријата, која сега вреди 1,3 трилиони долари. Денес биткоин вреди над 670 милијарди долари и е најпопуларната и најшироко распространета криптовалута.

- Advertisement -

Но, не грижете се ако сте пропуштиле да заработите. Веројатноста да иневстирате во биткоин од моментот кога се појави е еднаква на добивка на лотарија, пишува инвестицискиот порталBarrons.

Токенот го почна својот живот во белата книга која беше објавена на 31 октомври 2008 година под псевдонимот Сатоши Накамото. Визијата била да создаде еден вид на електронски пари кои би овозможиле плаќање без одење во банка или друга финансиска институција. Мрежата која ја користи системот би била расштркана меѓу независни компјутерски оператори, кои заедно би ги верифицирале и би ги снимале трансакциите во блокови. Оттука идејата за името блокчеин. Во замена за својата работа, која сега се нарекува рударење, т.н. рудари би добивале биткоини по однапред утврдена стапка.

- Advertisement -

Програмерите ја покренаа мрежата на биткоин во јануари 2009 година. Првата забележана трансакција на размена се случила во октомври 2009 година, кога некој испратил 5.050 биткоини на нова локација наречена New Liberty Standard, а за возврат добил 5,02 долари

Подемот нагоре оттогаш досега е неверојатен. Од таа почетна цена од десетинки од цент, криптовалутата скокна за над 3,4 милијарди проценти. По неодамнешната цена од 34.290 долари, таа почетна инвестиција од 5 долари би вредела нешто повеќе од 173 милиони долари.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -