„Иновативност“ во посета на фабриката 3, „Брилијант“ на прехранбениот гигант „Витаминка“ каде квалитетот е врвен приоритет!

- Advertisement -

„Иновативност“ имаше прилика да се запознае со работата на производителот број 1 на масло за јадење во земјата и да поразговара со најважните оперативни менаџери, кои секојдневно се грижат за беспрекорно производство и највисок квалитет на брендот “Брилијант“!

Пишува – Верица Јорданова

 

- Advertisement -

Највисок приоритет на фабриката Брилијант во Штип, која втора година е составен дел на нашиот гигант во прехранбената индустрија “Витаминка“, е квалитетот на производите и безбедноста на вработените! Фабриката која ја посетивме деновиве, се наоѓа на периферијата на Штип, изградена е по највисоки стандарди и уште при самиот влез лесно може да се заклучи дека овде се знае кој што работи.

„Иновативност“ имаше прилика да се запознае со работата на производителот број 1 на масло за јадење во земјата и да поразговара со најважните оперативни менаџери, кои секојдневно се грижат за беспрекорно производство и највисок квалитет.

- Advertisement -
Павле Кафтанов

Павле Кафтанов, раководител на производство вели дека не само што „Брилијант“ е масло број еден според продажба во земјава, туку е и масло број еден според квалитет.

„Тоа го гарантираме како производители, а овој аргумент го поткрепуваме со фактот дека во производството користиме современа опрема, а компактноста на фабриката овозможува беспрекорно функционирање. Рафинеријата за масло е набавена 2008 година од реномиран германски производител, а линијата за полнење е од италијаски докажан производител од 2006 година. Современата опрема, имплементираните стандарди и строго контролираните процеси на производство ни даваат за право да гарантираме за високиот квалитет на производите кои излегуваат од фабриката“ објаснува Кафтанов.

- Advertisement -

Фабриката во Штип, единствена на Балканот со три сепаратори во производниот процес, е со капацитет на рафинираторот од 150 тони дневно или 39 илјади тони годишно. Во оваа фабрика само во една смена може да се произведат 50.000 шишиња масло за јадење.

Иновација спакувана во Омега 3!

Најновиот и иновативен производ од  фабриката за масло „Брилијант“ е Брилијант Омега 3. Овој производ не само што го зголеми производниот асортиман на фабриката туку дополнително ја зацврсти силната позиционираност на брендот “Брилијант“ на пазарот.

Брилијант Омега 3 е присутен на пазарот веќе една година и одлично е прифатен од потрошувачите, особено од оние кои се свесни за здравствените придобивки од омега 3 масни киселини . Ако се суди според растечкиот тренд на продажба на ова масло за јадење може да се констатира дека кај потрошувачите на нашиот пазар динамично расте свесноста за здрава храна.

Жаклина Георгиева

Клучните предности на ова масло за јадење ни ги објасни Жаклина Георгиева, шеф на лабораторија во „Брилијант“ која е одговорна и за стандардите за квалитет.

Во Брилијант Омега 3 се додава докосахексоноична (DHA) масна киселина. Станува збор за многу ретко масло кое е застапено во сината риба и некои алги. Ние користиме DHA од алги затоа што нема карактеристичен мирис на риба. Тоа значи дека ова масло нема специфичен мирис кој ќе ги менува вкусот и мирисот на храната во која се додава, што го прави многу погоден за користење. Маслото има неутрален вкус и мирис, а е збогатено со омега 3 масни киселини и претставува богат извор на хранливите придобивки од оваа состојка. Концентрацијата е 40 милиграми на 100 грама масло и затоа слободно можеме на етикетата да ги предочиме здравтсвените придобивки од омега 3, кои се потврдени и од Светска Здравствена организација, а тие се:

– DHA придонесува за нормално функционирање на срцето,

– DHA придонесува за одржување на нормална мозочна функција,

-DHA придонесува за одржување на нормален вид“, ни објасни Георгиева.

Освен што овој иновативен производ од неодамна е ребрендиран, истиот има промена во пакувањето. Шишињата во кои се пакува Брилијант Омега 3 се затемнети и го заштитуваат производот од оксидација.

Зошто да се избере Брилијант Омега 3?

Денешниот брз начин на живот и исхрана не оства многу време луѓето да се посветат на готвење и на здрава храна, па воведувањето на ова масло во исхраната е многу важно.

Со самата негова консумација внесувате омега 3 масни киселини кои се од многу големо значење во исхраната. Маслото за јадење е продукт кој секојдневно го употребуваме, па користењето на масло збогатено со омега е навистина паметна одлука.

Освен веќе споменатите здравствени придобивки, научно докажано е дека Омега 3 масните киселини го штитат човековото здравје преку неколку механизми: го спречува стареењето на крвните садови, го намалуваат нивото на триглицеридите во крвта, го намалуваат таложењето масти во крвните садови, го стабилизираат ритамот на срцето, помагаат во намалувањето на крвниот притисок и се од голема важност за развојот и функцијата на мозокот.

Контролиран и автоматизиран процес на производство

Дефинитивно најупотребувани зборови за време на нашата посета на штипската фабрика беа „квалитет“ и „безбедност“. Кафтанов и Георгиева, кои секојдевно се грижат за текот на производство во „Брилијант“ и за контрола на квалитетот на производите се едногласни дека уникатниот спој на врвна технологија, имплементирани стандарди за работа кои константно се применуваат и јасната  визија на сопственикот за развој на фабриката се клучните фактори зошто брендот „Брилијант“ на „Витаминка“ е број еден во Македонија.

Фабрика3 на „Витаминка“ ги задоволува следниве стандарди: ИСО 22.000 за безбеден производ, ИСО 9001 за квалитет, ИСО 14.000 и сега воведуваме ИСО 45.000 за заштита и здравје при работа.

ИСО 22.000 е глобален стандард и многу е лесен за меѓународна комуникација во врска со безбедноста на производот. Затоа ние бараме и од нашите добавувачи да го имаат овој стандард. Toј стандард ни дава информација како работи една фабрика без да видиме. Стандардот гарантира дека важат исти процедури и правила за процесот на производство кои гаранција за безбедноста на производот. Како резултат на долгогодишната примена на овој стандард значително се промени и свесноста и информираноста на вработените во „Брилијант“ во однос на безбедноста и хигиената во процесот на производство. Точно се дефинирани одговорностите и надлежностите во процесот на прозводство што значи дека секој ја работи само работата за која е обучен и притоа континуирано се усовршува за таа работа“, објаснува Георгиева особено горда на високите стандарди кои се применуваат во фабриката.

Вели дека стандардот ИСО 45.001 кој сега го воведуваат и лесно се вклопува во другите стандарди и со него всушност ќе се заокружи целокупното стандардизирање на производството на маслата за јадење „Брилијант“, кое е на највисоко ниво во однос на заштитата на вработените и гаранција за безбедност.

Сподели!
- Advertisement -