Илон Маск објави спектакуларно видео – уловија ракета со бродска мрежа

- Advertisement -

Видеото кое го објави Илон Маск на Twitter покажува како изгледа кога спасувате 6 милиони долари. Откако SpaceX пред два дена ја лансираше ракетата Falcon 9 со комуникацискиот сателит AMOS-17 од Флорида, требаше помалку од половина час за да сателитот стигне во вселената, а врвот на ракетата кој го штити сателитот се враќа назад на Земјата.

На патот назад на врвот на ракетата се отвори падобран, а ракетата на крајот заврши во бродска мрежа. Ја спаси специјалниот брод наречен Ms. Tree, кој го користи SpaceX во такви мисии и ова е неговиот втор успешен улов. Врвот на ракетата кој е спасен ќе се користи во нови мисии, така што SpaceX нема да мора да прави нов дел, кој чини 6 милиони долари.

- Advertisement -

Како штп е познато, ракетите на SpaceX се направени така да нивните врвови може да се вратат на Земјата по лансирањето и повторно да се користат во нови мисии, а компанијата развива и ракета која ќе може сите нејзини делови да ги врати на Земјата. Ракетата се вика Starship и според Маск, би требало да влезе во историјата како првата ракета која ќе однесе луѓе на Марс.

Сподели!
- Advertisement -