Ако патувате низ Рим, а немате доволно пари за да се возите во метрото, не се грижете. Само соберете неколку пластични шишиња, оденсете ги на станица и можете да се возите бесплатно. Италијанскиот галвен град моментално ја спроведува програмата „Ricicli + Viaggi,” односно „Рециклирај + патувај“. Сите три метро станици околу Рим примаат палстични шишиња наместо билети.
На станиците се поставени машини за рециклирање на секоја од трите подземни линии: Ципро, Пирамида и Сан Џовани. На секоја станица со ставање на пластично шише од 500 мл до 2 литри ќе добиете кредит од 5 центи на вашата метро картичка. Возењето со емтро чини 1,50 евра, што значи дека ќе треба да ставите 30 пластични шишиња за едно бесплатно возење.
Исто така, потребен ви е и смартфон за да ја искористите оваа програма. Треба да ја симнете или апликацијата MyCicero или Tabnet. Се што треба да направите е да ја отворите апликацијата, да се логирате, да го скенирате баркодот на машината за рециколирање, да ги ставите шишињата и да почекате машината да заврши со компактирање. Притоа, не мора да ги ставите сите шишиња одеднаш, затоа што кредитот се собира на метро картичката.