Limitless Milk Shirt е првата маичка во светот направена од млеко

- Advertisement -

Секој ден индустријата за млеко фрла милиони литри млеко од различни причини. Еден стартап од Лос Анџелес го зема тоа млеко и го користи за од него да направи облека, поточно маички со кратки ракави. Стартапот Mi Terro тврди дека овие маички имаат подобар квалитет отколку обичните памучни маички.

Процесот на производство на облека од млеко почнува со собирање на млекото кое се фрла, кој потоа се ферментира, се отстрануваат мастите, па се отстранува водата од него и на крајот останува млеко во прав кое се прочистува за од него да се отстранат сите супстанции освен природниот протеин познат како казеин.

- Advertisement -

Казеинот во прав потоа се меша со алкали и се добива раствор кој се става во центрифуга за да се добијат влакна. Потоа со сулфурна киселина се отстрануваат алкалите од влакната, кои се истегнуваат и се виткаат во предива. Од  тие предива се прават маичките Limitless Milk Shirt, кои може да се перат во машина и како што велат од компанијата, се меки како свила, а истовремено се анитбактериски, не се туткаат, не примаат влага, ги блокираат УВ зраците од сонцето и се растегливи во сите четири правци.

Освен тоа, благодарение на микроџебовите во материјалот, маичките разладуваат затоа што овозможуваат проток на воздухот и не дозволуваат непријатен мирис. Поточно, ја регулираат температурата на телото во зависност од надворешната температура и во лето ве разладуваат, а зиме ве загреваат.

- Advertisement -

Според Mi Terro, секои пет маички претставуваат еден литар млеко кој инаку би завршил во отпад. За Limitless Milk Shirt, како и за долната облека исто така направена од млеко Limitless Milk Underwear моментално е во тек кампања на олатформата Kickstarter. Со минимална донација од 25 долари ќе добиете еден пар машки боксерки, кои инаку планирано е да се продаваат по 44 долари, додека за 35 долари ќе добиете маичка, чија малопродажна цена е планирано да биде 59 долари.

https://www.kickstarter.com/projects/miterro/limitless-milk-shirt-the-first-shirt-made-from-milk

Сподели!
- Advertisement -