- Advertisement -
Сeр Кен Робинсон во 2006 година направи големо влијание во светот на TED говори и во светот на образованието! Неговиот брилиjантен говор го гледале повеќе од 56 милиони луѓе кој освен што е забавен дава и извонредни совети како правилно да ги едуцираме децата.
Неговиот стил, однесување, шеги и истакнување на клучните поенти треба на сите да им служат како одличен пример. Еве што може да научиме од еден од најгледаните TED говори на сите времиња.
- Немојте да бидете премногу сериозни
Нема сомнеж дека говорото на Робинсон е гледан најмногу затоа што е забавен. Она што е добро во неговите говори се и клучните точки на говорото, кои на почеток изгледаат како фусноти кои тои ги претвора во приказна. - Дајте пример пред да почнете да почнете да ги објаснувате вашите ставови
Робинсон смета дека најдобрите говорници воедно се и врвни писатели. Наместо да зборуваат за концепти, тие започнуваат со интересени приказни. Додека гледате видео, обрнете внимание на тоа колку пати раскажал приказна и колку време му било потребно да ја пренесе главната идеја. - Оставете ги луѓето „без текст“
Почнувајќи од приказните и шегите, а потоа доаѓајќи до клучните идеи кои сака да ги пренесе, Робинсон остварува две цели.
Прво, ја стекнува довербата и интересот на публиката и го задржува вниманието до крај.
Второ, гради однос со својата публика. Многу е важно публиката да разбере кои сте, што сто сакате да кажете и имате ли право тоа да го кажете. Робинсон прво докажува дека поседува вештини на добар говорник и добра комуникација, а потоа и комуницира. Кај него тоа едноставно успева.
(Poslovni Puls)
- Advertisement -