- Advertisement -
Виена и оваа година останал најдобар град за живот, покажал годишниот индекс кој го направила истражувачката компанија на весникот Economist – Economist inteligence unit – EIU.
Меѓу 140 градови кои се нашле на листата, на основа на 30 фактори, најлош за живот е Дамаск во Сирија.
Градовите се оценувани на основа на 30 фактори, сместени во пет категории – стабилност, грижа за здравје, култура и природно окружување, образование и инфраструктура. Како што се наведува, квалитетот на животот е воопштено подобар, иако загадувањето и политичките немири го намалуваат животниот стандард во некои метрополи.
На основа на нив Виена е оценета со 99,1 од 100 можни поени, а по Виена следат Мелбурн, Сиднеј и Осака. Според индексот, Виена се гордее со богатството на музиката и уметноста, величествената архитектура и единствените кафетерии.
Поголемата стапка на криминал и лошата инфраструктура ставиле некои големи градови, како Лондон, Париз и Њујорк, на пониско место на листата, и покрај силните културни и кулинарски аспекти.
Најголем напредок постигнала престолнината на Порторико, Сан Хуан, кој напредувал за 20 места и дошол до 69-тото, меѓутоа оценето е дека мора и натаму да вложува во здравството и инфраструктурата, посебно по уништувањето кое ураганот Марија го направил во 2017-та година.
Сиднеј е единствениот град кој влегол во првите 10 благодарение на напредокот во заштитата на животната средина.
Меѓу 10-те најдобри градови се нашле и Токио, Калгари, Ванкувер, Копенхаген, додека на листата од 10 најлоши, освен Дамаск, се нашле Лагос во Нигерија, Дака во Бангладеш, Триполи во Либија и Хараре во Зимбабве.