Samsung и SK Telecom успешно ја демонстрираа примената на 5G технологија на автомобилски трки, каде што дополнително го подобрува искуството и доживувањето на гледањето трки. Демонстрацијата беше одржана на патеката за трката Korea International Circuit со помош на решението Samsung Networks end-to-end 5G mmWave и 5G New Radio (NR) базни станици, опрема која во комерцијални цели во САД се користи од првата половина на годинава.
Додека тркачкиот автомобил се движел со брзина од 210км/ч, опремата покажа стабилни перформанси на 5G уредите во зоната на патеката при преземање, отворање содржини и примопредавање (handovers) во живо. Брзината на преземање достигнала 1Gbps, демонстрирајќи капацитет за мултигигабитни преноси на 5G уреди во тркчките возила и користејќи фреквенција од 200 MHz во спектар од 28 GHz.
Големата брзина на 5G технологијата, непречената комуникација и примопредавање овозможуваат поефикасен и посигурен начин на пренос на видеа во и од автомобилите кои се движат со брзина од 200 до 370 км/ч. Оваа технологија наречена T Live Caster 5G преку решенијата за емитување во живо на компанијата SK Telecom им овозможи на компаниите во реално време да користат опции за емитување видео во живо за пренос на трките од различни точки на гледање.
Истражувањето покажало дека технологијата mmWave може да го оствари целосниот потенцијал на 5G мрежите за да придонесе за пронаоѓање на иновативни начини на користење и нови бизнис модели, како и подобрено искуство при гледањето трки. На пример, камерите вградени во тркачките автомобили ќе можат да пренесуваат видеоподатоци во реално време од секој автомобил преку безчична 5G мрежа. Така, гледачите ќе имаат единствена прилика да гледата живописни сцени од перспектива на возачите во кокпитот, а благодарение на VR, AR и видеострим во 360 степени ќе уживаат во импресивно доживување како навистина да се наоѓаат во автомобилот.
Колку е брза 5G мрежата? Доволно за да може да стигне тркачки автомобил
- Advertisement -
- Advertisement -