Во пресрет на новинарскиот ден на саемот за автомобили во Франкфурт, Volkswagen го покажа своето ново лого. Оваа светска премиера го означува почетокот на нова ера за Volkswagen, истовремено со претставувањето на целосно новиот електричен модел ID.3.
Иднината на Volkswagen е еелектрична, целосно конектирана и неутрална по прашањето на емисијата на гасови. С новиот дизајн на својата марка VW создаде еднолично глобално искуство на брендот од 360 степени, помодерно и поавтентично.
Новиот логотип на Volkswagen со рамен дводимензионален дизајн е појасен и е сведен на своите битни елементи. Дизајнот на марката и логотипот имаат како цел флексибилност и наменети се за дигитални апликации. Усогласувањето на дизајнот на марката на Volkswagen е една ид најголемите светски кампањи за ребрендирање. Промената на новиот дизајн треба да биде довршена до средината на 2020 година.
Глобалната промена на брендот ќе се спроведе во согласност со трошковно оптимизираниот пристап кој штеди ресурси. На почеток ќе се менуваат локации и продавачи на оваа марка во Европа, а во октомври ќе следува Кина. Потоа промената ќе се пресели во Северна и Јужна Америка, како и во остатокот од светот од почетокот на 2020 година.
Ребрендирањето на Volkswagen е еден од најголемите проекти од овој тип во оваа индустрија ширум светот. Се на се, станува збор за 171 пазар во 154 земји. Во 10.000 објекти на дилери и сервисни партнери ширум светот ќе бидат заменети околу 70.000 логотипови.
Volkswagen по прв пат ќе има и звучен логотип. Тоа ќе ја направи марката попрепознатлива и кај возилата и во комуникацијата. Во иднина логотипот ќе биде осветелн на возилата, на местата каде што ја има марката и во продавниците. Volkswagen неколку децении користеше машки глас за да ги претстави своите возила и во рекламни цели. Марката сега ќе стане женска. Речиси на сите пазари жена со топол, пријатен и самоуверен глас ќе зборува за Volkswagen.
Volkswagen го претстави новото лого и новиот дизајн
- Advertisement -
- Advertisement -