Овие градови се лидери по самоодржливост во светот

- Advertisement -

Она што ги дефинира лидерските позиции на овие градови по самоодржливост е начинот на кој тие се справуваат со климатските промени.

Иако е релативно тешко за државите да се посветат на носење одговорни политики по прашањето за климатските промени, градовите обично се поспособни да преземаат чекори во таа насока на локално ниво. Низ светот, многу градски власти се фокусираат на создавање и развивање одржливи и еколошки инфраструктури и системи кои ќе го намалот ефектот од загадувањето.

Ова се пет големи градови низ светот кои придонесуваат кон еколошки раст и одржлив развој.

- Advertisement -

Копенхаген, Данска

Градските власти во овој град поставија цел да станат првиот јаглеродно неутрален град во светот до 2025, а досега се и на добар пат. Градот ги намали емисиите на штетни гасови за 50% од 1995 година. Кога се работи за одржлив превоз, Данците најчесто пешачат или користат велосипеди што го намали нивото на штетни гасови и резултираше со поздрав живот за граѓаните.

- Advertisement -

Копенхаген има автопат само за велосипеди кој го поврзува центарот со периферните квартови преку специјални велосипедски патеки. Автопатот беше отворен во 2013 година, а предвидува изградба на дополнителни 26 патеки во години што доаѓаат.

Градот исто така планира да воспостави ефикасен и јаглеродно неутрален систем за греење и ладење, како и да генерира електрична енергија од обновливли извори.

- Advertisement -

Њуjорк, САД

Во наредните три години, градот кој никогаш не спие планира да воведе систем на автоматско селектирање на отпадот за рециклирање, повеќе велосипедски патеки и поефикасни уреди во живеалиштата како зелени кровови и системи за греење кои нема да испуштаат штетни гасови.

Според извештајот кој го подготви канцеларијата на градоначалникот на Њуjорк, фосилните горива кои биле согорени за греење и топла вода придонеле за 42% од целокупните емисии на штетни гасови во градот поради што градот се стреми кон тоа зградите да бидат поеколошки.

Оваа иницијатива за ефикасност на градот ќе создаде повеќе работни места и почист воздух, а ќе го намали и јаглеродното загадување со цел емисиите на штетни гасови да се намалат за 80% до 2050 година.

Адис Абеба, Етиопија

Во својата стратегија за раст и трансформација, етиопската влада планира да развива хидроенергетски проекти и фарми со ветерници за производство на најголемиот дел од струјата во државата. Најголемата фарма со ветерници во Етиопија беше отворена во 2013 година, а државата во моментот има план за уште пет вакви фарми во блиска иднина.

Адис Абеба исто така планира да претвори 40% од своето земјиште во зелени површини за да обезбеди сенка и разладување со цел да се намали ефектот од урбаното затоплување предизвикано од материјали како цемент и асфалт од што се затоплува и атмосферата. За да стане поеколошки град, Адис Абеба започна да имплементира проект за засадување на три милиони дрва, а исто така прогласи и национален резерват каде се застапени сите видови на дрва и растенија кои потекнуваат од Етиопија.

Сао Паоло, Бразил

Во 2009 година, градскиот совет на Сао Паоло едногласно одобри закон за воспоставување на општинска стратегија за борба против климатските промени. Отпадот отсекога бил проблем за овој град, но новите термоелектрични плантажи за енергија ги собираат и горат биогасовите емитирани од отпадот во распаѓање на депониите. Ова исто така овозможува градот да ги намали емисиите на метан и да произведува чиста енергија истовремено.

Сао Паоло цели кон намалување на емисиите на стакленички гасови преку фокусирање на превозот, обновлива енергија, енергетска ефикасност, управување со отпад и градежништво. На пример, градот започна програма за споделување на велосипеди за да го намали метежот во сообраќајот. Велосипедската инфраструктура ја подобри со градење на нови патеки, а во 2014 година градот стана вториот град кој ја доби наградата Sustainable Transport Award. 

Лондон, Англија

За да го намали опасното загадување на воздухот, градоначалникот на Лондон, Садик Кан воведе низа иницијативи меѓу кои и таа која стапува на сила наскоро, а се однесува на такса која постарите автомобили ќе мораат да ја плаќаат доколку сакаат да возат низ центарот на Лондон. Електричните возила пак ќе можат да возат бесплатно во овие зони.

The Guardian пак известува дека градоначалникот претставил и план за ограничување на употребата на печки на дрва најдоцна до 2025 година, како и осигурување дека новите печки кои ќе се користат за затоплување ќе бидат еколошки.

Сподели!
- Advertisement -