Hyundai со хрватската компанија Rimac Automobili на младиот иноватор Мате Римац работи на супертаен проект, односно лимитирана серија спортски автомобили.Во мај годинава Hyundai и Kia ги најавија своите планови за инвестирање 80 милиони евра во компанијата од Света Недела, а за возврат треба да добијат помош во развојот на најмалку два електрични автомобили.
Д-р Алберт Бирман, кој е на чело на одделот за истражување и развој во Hyundai, изјави дека уште е рано да се зборува за деталите, но напомена една работа. „Супертајниот проект со Мате Римац ќе биде произведен во многу лимитирана серија. Нивотот на технологија во Rimac е многу високо. Тоа се совпаѓа со нашето верување дека ништо не е невозможно“ истакна тој.
Тој неодамна го посетил седиштето на Rimac Automobili во Хрватска и вели дека засега е задоволен од односот, кој го опиша како многу плодоносен.
Според претходните гласини, спортските автомобили на Hyundai и Rimaс ќе бидат сериска верзија на минатогодишниот концепт Genesis Essentia, но Бирман не открива детали за тоа. Изјави само дека немаат рок за развој на новиот автомобил и дека не се брзаат затоа што сакаат да направат се како што треба.
„Можам само да ви кажам дека сите ќе бидат пријатно изненадени“ откри Бирман.
Hyundai откри нови детали за супертајниот проект на кој работи со Мате Римац
- Advertisement -
- Advertisement -