Facebook укина десетици илјади апликации кои се потенцијално опасни по приватноста на корисниците

- Advertisement -

Facebook објави дека укинува повеќе десетици илјади апликации кои потенцијално претставувале опасност за приватноста на корисниците, покажа интерната ситрага извршена врз милиони апликации. Социјалната мрежа таа истрага ја спроведе после скандалот со Cambridge Analytica во 2018 година, кога беше откриено дека британската компанија водела кампања на масовна манипулација преку апликации на Facebook за да влијае врз американските и британските гласачи.
„Тогаш ветивме дека ќе ги прегледаме сите апликации кои имаат пристап до големи количини информации за корисниците пред да ги смениме нашите прописи од 2014 година“, изјавија од Facebook.
За таа голема истрага платформата работела со стотици адвокати, истражители, аналитичари и инженери за подобро да ги разберат механизмите на злоупотреба и да ги отстранат штетните чинители од програмерите. Биле суспендирани 400 програмери, но тие апликации не претставуваат нужна опасност за луѓето.
По избивањето на скандалот со Cambridge Analytica во 2018 година Google и Facebook се најдоа под будното око на јавноста во САД и во Европа во врска со користењето на личните податоци. Агенцијата за заштита на американските потрошувачи во јули годинава му одреди казна од 5 милијарди долари на Facebook затоа што ги измамил своите корисниците во врска со контролата врз нивниот приватен живот, особено во текот на масовното протекување лични податоци кон британската аналитичка куќа, која била вплеткана во претседателската кампања на Доналд Трамп и во кампањата за Брегзит во Велика Британија.

Сподели!
- Advertisement -