Во петицијата се именуваат Германија, Франција, Бразил, Аргентина и Турција. Во неа стои дека не ги исполниле своите обврски согласно Конвенцијата за правата на детето.
Жалбата ја поднеле непосредно по моќниот говор на Тунберг пред светските лидери на првиот ден од Генералното собрание на Самитот за клима на Обединетите Нации во Њујорк.
„Пораката што сакаме да ја испратиме е дека ни е доста“, рече Тунберг.
Потписници на жалбата се деца од 12 различни нации. Тие обвинуваат дека земјите не ги искористиле своите ресурси за да ги избегнат смртоносните и предвидливи последици од тековната климатска криза, ниту пак ефикасно соработувале со другите нации за решавање на проблемот.
Тие исто така им укажаа на државите за нивните „несоодветни“ заложби за намалување на стакленичките гасови и ги потсетија на Парискиот договор за клима од 2015 година.
Научниците предупредуваат дека глобалното затоплување од 2 Целзиусови степени ќе резултира со почести и поопасни топлотни бранови, покачување на нивото на морето и опаѓање на приносите на земјоделските култури низ целиот свет.
Децата не бараат паричен надоместок. Наместо тоа, тие бараат земјите веднаш да ја прилагодат својата клима на кризата. Жалбата се заснова на фактот дека тие се потписници на Конвенцијата и се меѓу 44-те најголеми историски и сегашни емитувачи на стакленички гасови кои предизвикуваат затоплување на планетата и појава на други влијанија, од подигање на нивото на морето до создавање на поинтензивни бури.

(RadioMOF.mk)