Санта мраз тешка 315 милијарди тони се одвои од Антарктикот

- Advertisement -

Санта мраз тешка 315 милијарди тони се  одвои вчера од ледената плоча Амери на Антарктикот. Според написите, се чини дека одвојувањето сепак нема врска со климатските промени.
Површината на сантата наречена D28 е 1,5 квадратни километри. Експертите ќе мора внимателно да го следат движењето на сантата мраз затоа што може да претставува опасност за бродовите.
Од Амери претходно во раните 60-ти години се има одвоено најголемата санта лед со површина од 9.000 квадратни километри. Амери е третата најголема ледена плоча на Антарктикот и е клучен одводен канал за источниот дел од континентот.
Плочите, всушност, се пловечко продолжение на бројните глечери кои од копното се спуштаат во морето. Одвојувањето на сантите е процес со кој ледените плочи одржуваат рамнотежа затоа што така се балансираат новите наноси на снег. Затоа, научниците однапред знаеја дека ќе дојде до одвојување, но регионот каде што се случи одвојувањето не било нивен фокус.
Тие истакнуваат дека овој настан не е поврзан со климатските промени. Се проценува дека сантата D28 е дебела 210 метри и содржи околу 315 милијарди тони мраз. Сепак, D28 е џуџе во споредба со огромната санта A68 која во 2017 година се одвои од ледената плоча Larsen C.

Сподели!
- Advertisement -