Блумберг: Половина од светот ќе се напојува со обновлива енергија до 2050 година

- Advertisement -

Новата годишна анализа на Блумберг именувана New Energy Outlook 2018 предвидува како ќе се развива пазарот на електрична енергија до средината на овој век. Анализата се темели на податоци од 65 илјади експерти за енергетиката од 12 големи светски пазари како и на трендовите кои го диктираат развојот на пазарот и бизнис моделите во овој сектор.

Како што пишува SEEbiz.eu, анализата предвидува дека до 2050 година половина од електричната енергија во светот ќе доаѓа од соларни и ветерни електрани, а главниот тренд кој ќе го поттикне овој тек на настани е падот на цената на струјата од обновливи извори како и поевтинувањето на батериите кои ќе се полнат со добиената енергија.

- Advertisement -

Јагленот како извор на енергија со 2050 година ќе падне на 11% удел во светското производство на струја, а моментално неговиот удел изнесува 38%. Дотогаш, експертите на Блумберг предвидуваат дека и трошокот за градење на фотонапонски електрани ќе падне за 71%, додека пак градењето на ветероелектрани ќе поевтини за 58%. Овие фактори ќе предизвикаат силна експанзија на користењето на обновливи извори.

Единствениот необновлив извор на енергија кој ќе продолжи да расте до 2050 година ќе биде плинот кој се претпоставува дека ќе почне повеќе да се користи во Кина и Индија. Електричните автомобили ќе ја зголемат побарувачката за електрична енергија.

Сподели!
- Advertisement -