Најпопуларниот американски синџир за кафе во светот, Starbucks, на своите гости им нуди бројни опции за плаќање освен со готовина и кредитна картичка. Така, имате можност да плаќате со Apple Pay, со Starbucks картичка и преку апликацијата. Но, сега јапонската подружница на Starbucks воведува уште една метода на плаќање со посебно паметно хемиско пенкало.
Пенкалото изгледа како обично пенало и пишува како обично пенкало, но ја содржи истата бесконтактна технологија како картичките Starbucks, што значи дека можете да го приближите до кој било Starbucks IC екран на допир и го платите своето кафе. Тоа значи дека во пенкалото е вграден NFC чип, а што се однесува на дизајнот го направила малку позабавен па личи на апарат за кафе.
Пенкалото и не е баш евтино – ако го сакате, ќе треба да платите околу 37 долари, а со него ќе добиете кредити за купување во Starbucks во висина од околу 9 долари, а потоа ќе мора да ги купувате тие кредити.
Во Starbucks во Јапонија можете да го платите кафето со паметно пенкало
- Advertisement -
- Advertisement -