Instagram претстави нова контроверзна апликација

- Advertisement -

Како што и беше најавувано, Instagram претстави нова апликација наменета за комуникација и споделување содржини само со мал број блиски пријатели на таа мрежа. Threads е апликација базирана околу камерата и токму менито за камерата се појавува секој пат кога ќе ја стартувате апликацијата, а преку неа може да се испраќат фотографии, видеа и текстуални пораки до одбрана група пријатели, кои можете да ги изберете преку Instagram и преку Threads.
Апликацијата овозможува и поставување на кратенки за неколку личности со кои најчесто се комуницира. Кратенките се наоѓаат на дното на екранот на камерата и испраќањето пораки до тие пријатели е уште поедноставно. Се што е потребно е да се фотографира или да се сними видео со камерата и во самата камера да се кликне на таа кратенка и да се помине со прстот по екранот. Во Threads се достапни и пораки од Instagram Direct, но се разбира, само од оние луѓе кои се наоѓаат на списокот со блиски пријатели,
Иако станува збор за интересен и забавен начин на комуницирање и споделување содржини само со најдобрите пријатели, Threads има и една контроверзна опција – пасивно споделување локации, статуси и други податоци.
Корисниците, како и на други платформи, може сами да објавуваат статуси, но таа опција може и да се препушти на Threads, која од корисниците ќе бара „само“ информации како нивната локација, движењето, статусот на батеријата и квалитетот на мрежата. Со оглед на тоа во кое време живееме и колку е нарушена приватноста  на корисниците затоа што социјалните мрежи веќе знаат се за нас и тоа го искористуваат за нам да ни пласираат што попрецизни огласи, тоа е многу амбициозно од Instagram.
Од Instagram напоменуваат дека апликацијата нема да ја споделува локацијата на корисниците, туку информациите ќе ги искористи за да сфати каде се наоѓаат и што прават, па за тоа да ги извести нивните пријатели. Наместо да објават во кое кафуле се наоѓаат, статусот ќе покаже само дека корисникот е во кафуле, а тоа за нивните пријатели може да послужи како покана за кафе. Ако се во автомобил или возат велосипед, ќе се појави статус „во движење“, а Threads ќе може да знае и кода сте дома и да претпостави дека тогаш имате време за дружење со пријателите, односно кога сте на работа и тогаш немате време за допишување и дружење.

Сподели!
- Advertisement -