Колку книги можете да прочитате ако се откажете од социјалните медиуми?

- Advertisement -

Од едноставно прелистување фотографии на Instagram до споделување објави на Twitter, социјалните медиуми станаа неизоставен дел од нашите животи. Најголем дел од нас постојано користат апликации од типот на Facebook и поминуваат многу подолго време гледајќи профили, нечии родендени и сл. многу повеќе отколку што планирале. Тоа е залудно изгубено време. Нашите телефони постојано ги носиме со нас или сме конектирани преку паметни часовници и други паметни уреди кои постојано ни испраќаат известувања што се случува.
На глобално ниво дигиталните консументи поминуваат просечно 2 часа и 23 минути дневно на социјалните медиуми, покажа најновиот извештај на GlobalWebIndex, Flagship Report 2019. Но, се чини дека работите се менуваат затоа што извештајот покажува и дека се повеќе луѓе се свесни за „зависничката природа“ на социјалните медиуми. Така, се појавуваат се повеќе апликации кои следат колку време трошиме на социјалните медиуми.
Една од нив е Omni Calculatorкоја пресметува колку време поминувате пред компјутер или пред телефон и ви кажува колку книги би прочитале ако наместо социјалните медиуми се фокусирате на читање. Ако секој ден скратите по 30 минути на проверување на новите настани на социјалните медиуми, ќе можете годишно да прочитате по 30 книги, вели калкулаторот.
Алатките за дигитален мониторинг се нов тренд. Корисниците на Google сега можат да ги видат податоците за времето потрошено на социјалните медиуми на самиот екран, а корисниците на Android можат да постават ограничувања на времето на апликациите. Apple, Facebook и Instagram нудат слични функции.
Повеќе од 65% од луѓето се чувствуваат посреќни кога користат апликација која ја следи употребата на телефонот. Omni Calculator исто така бара други начини на кои можете да го искористите времето поминато на социјалните медиуми, пресметува и колку калории можете да потрошите ако наместо тоа вежбате или ви нуди алтернативни вештини кои можете да ги научите за тоа време.
„Само неколку паузи по 5 минути дневно на секој час се стотици часови годишно. Ако го преполовите времето поминато на социјалните медиуми, ќе имате повеќе време да учите, да трчате или да заработите пари“, велат креаторите на Omni Calculator.
Апликацијата препорачува исклучување на известувањата, бришење на некои апликации, телефонски разговори со пријателите наместо четување и одвреме-навреме земање кратки одмори од социјалните медиуми.
„Социјалните медиуми имаат многу бенефити, но има и многу истражувања кои ги покажуваат негативните ефекти на социјалните медиуми врз нашите мозоци, нашите односи со луѓето и нашата продуктивност“, додаваат од Omni Calculator.

Сподели!
- Advertisement -