Швајцарската банка Credit Suisse е последна во низата швајцарски банки кои на тамошните клиенти им наплаќаат негативна каматна стапка на штедните депозити. Како што пренесува Reuters, клиентите од сегментот граѓанство и компаниите кои на сметките држат повеќе од 2 милиони франци ќе плаќаат камата од 0,75%.
Деловните клиенти со депозити над 10 милиони франци ќе плаќаат 0,85%. Новото правило стапува на сила на 1 јануари за клиентите од сегментот граѓанство, а на 15 нoември годинава за деловните клиенти.
За потсетување, конкурентот на Credit Suisse, банката UBS, уште во јули годинава најави дека ќе наплатува 0,75% на клиентите кои доаѓат со повеќе од 2 милиони франци депозити. Postfinance, пак, наплатува негативна камата за приватните клиенти со депозити од 500.000 франци.