Баркодот влегува во историјата?

- Advertisement -

Баркодот – етикета на производите што изгледаат како ленти од зебра – е сеприсутен во последните 50 години, но неговите денови сега се одбројани. Поточно, се работи за период од две години по кој баркодот треба да престане да се користи.
Глобална организација која ја надгледува нивната употреба рече дека помоќна алтернатива ќе им биде достапна на маркетерите во рок од две години. Некои продавачи веќе пробуваат кодови од новата генерација.

Новите шифри вклучуваат датум на продажба, упатства за производот, алергени и состојки, како и цени. Нивната имплементација ќе значи „збогум со старомоден баркод“, според GS1, меѓународна непрофитна организација која го одржува глобалниот стандард за баркодови.

- Advertisement -

Tesco почна да ги користи на некои производи, а други испитувања покажаа дека отпадот од лесно расиплива храна, како што е живината, може да се намали со вметнување на датуми за продажба во новите QR кодови, што овозможува подинамично намалување на цените. Кока-Кола ја користеше и новата генерација на шифри на одредена количина производи.

Дел од експертите сметаат дека информациите за неизбежно исчезнување на бар-кодовите се предвремени, посочувајќи дека нема голема потреба од нови шифри, а трошокот за редизајн на амбалажата е превисок.

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -