Американската фармацевтска компанија Biogen пред некој ден објави дека го развила првиот лек во светот кој може да го забави развојот на Алцхајеморвата болест. Моментално во светот не постои ниеден лек од тој тип затоа што досега познатите лекарства не секогаш помагаат дури ни за ублажување на симптомите.
Објавата на Biogen е изненадување затоа што во март годинава компанијата, наводно, се откажала од развојот на овој лек откако, како што изјавиле, добиле разочарувачки резултати. Процесот на одобрение може да потрае една до две години, но ако биде успешен, компанијата има намера најпрвин лекот да им го понуди на пациенти кои биле вклучени во нивните клинички истражувања.
Новите анализи покажале дека поголемите дози на „адуканумаб“ може да им помогне на пациенти со рани знаци на Алцхајмерова болест така што ќе го забави вложувањето на нивното здравје, да го сочува памтењето, како и способноста за снаоѓање во секојдневниот живот. „Адуканумаб“ го таргетира протеинот амилоид, кој формира големи наслаги во мозокот на луѓето кои болуваат од Алцхајмерова болест. Научниците веруваат дека тие наслаги се токсични за мозочните клетки и дека нивното отстранување со помош на овој лек претставува голем чекор напред во лекувањето.