Британска студија покажа дека поголемото растојание меѓу две дози вакцини дава подобра заштита

- Advertisement -

Подолгото растојание меѓу две дози вакцини против КОВИД-19 доведува до создавање на повеќе антитела отколку пократкото растојание покажа британска студија чии резултати беа објавени вчера, а покажуваат дека и после првата доза со тек на време доаѓа до пад на бројот на антитела.

Кога е подолг интервалот неутрализирачките нивоа на антитела против детла варијантата биле слкабо индуцирани после првата доза и не се задржале во текот на целиот интервал пред втората доза, велат авторите на студијата која ја предводеше Универзитетот Оксфорд.

- Advertisement -

Но, после втората доза вакцина нивото на неутрализирачки антитела било дуплирано кога втората доза била примена после подолг интервал, додаваат научниците. Неутрализирачките антитела се битен елемент за имунитетот против корона вирусот, но не ја даваат целосната слика затоа што голема улога имаат и Т-клетките. Студијата, која е во фаза на научно преиспитување, утврдила дека вкупното ниво на Т-клетки било речиси дупло поголемо кога втората доза била примена после подолг интервал отколку кога била примена на 3-4 недели.

Заклучоците го потврдуваат ставот дека иако втората доза е потребна за целосна заштита против делта варијантата, нејзиното одложување може да даде траен имунитет.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -