Илон Маск донираше 1 милион долари односно еден долар за дрво на јутјуберот Џими MrBeast Доналдсон, кој моментално работи на кампања за собирање 20 милиони долари од други познати јутјубери за ублажување на последиците од климатските промени.
Маск пројави интерес за кампањата вчера, кога на Twitter праша каков вид дрвја се садат како дел од кампањата на MrBeast. Јутјуберот одговори дека дрвјата се садат и може да растат на секој континент, освен на Антарктикот, а видот на дрвјата зависи од регионот.
Со оваа програма за пошумување доега се собрани доста средства и без донацијата на Маск. Проектот е во партнерство со Arbor Day Foundation и MrBeast досега има собрано повеќе од 6 милиони долари.
Во минатото Маск често се допишувал со MrBeast, кој стана познат на YouTube по неговите филантропски видеа, на кои често подарува огромни суми пари на целосни странци. MrBeast ветил дека ќе купи автомобил Тesla ако иноваторот учествува во една епизода на „Meme Review” на каналот на Феликс PewDiePie Кјелберг. Исто така, МrBeast побарал од него да му помогне да „влогира од Месечината“.